Приготвување
143
page-template-default,page,page-id-143,wp-custom-logo,theme-stockholm,stockholm-core-2.2.8,woocommerce-no-js,select-theme-ver-8.7,ajax_updown_fade,page_not_loaded,paspartu_enabled,side_area_uncovered,,qode_grid_1300,qode_footer_adv_responsiveness,qode_footer_adv_responsiveness_1024,qode_footer_adv_responsiveness_one_column,qode_menu_center,qode-mobile-logo-set,qode-single-product-thumbs-below,elementor-default,elementor-kit-370,elementor-page elementor-page-143

ПЕЛАФИНО РЕЦЕПТ

Пелафино е секогаш отворена за да Ви даде совети и идеи како да одберете производи за секоја пригода од широката палета која ја нуди, како да ги подготвите, сервирате, како и кои додатоци и зачини ќе ги направат вашите тестенини највкусни.

Пелафино Рецепт
Одберете Тестенини Пелафино

ОДБЕРЕТЕ ТЕСТЕНИНИ

Пелафино тестенините се внимателно изработени за различни пригоди. Обликот на пелафино производите е добиен со селекција на повеќе врсти. Различни рецепти бараат различна дебелина и облик на тестенини, кои ги имаат производите на Пелафино. За јадења кои треба да се потпечат во релна се избираат шупливи форми на тестенини. За јадења со прелив на сос се користат тркалести тестенинини (резанци) и тестенини со ребраста површина. За јадења кои се сервираат со зачинети пикантни преливи се користат танки тестенини.

ВАРЕЊЕ НА ТЕСТЕНИНИТЕ

Тестенините се варат во голема количина вода. На 100 грама тестенини потребно е 1 литар вода. Во зовриена вода се додава 1 лажица или од 8 до 10 грама сол. Времето на варење зависи од врстата на тестненините која се вари и е различна за секоја врста на тестенини. Сушените тестенини направени од дурум пченица секогаш се варат и се служат “al dante”. Изразот “al dante” е италијански и тој значи совршено варени тестенини. “al dante” варените тестенини треба да бидат цврсти под забите за да можат да се каснат. При крајот на варењето, пробајте ја тестенината и по Ваш вкус одлучете кога и е доста варење.

Варење Тестенини Пелафино
Сервирање Тестенини Пелафино

КАКО СЕ СЕРВИРААТ

Варените тестенини можат да се сервираат во длабока и во плитка чинија. Идеален избор е голема плитка чинија. Доколку варените тестенини треба да се сервираат со рендано сирење или пармезан, препорачливо е сирењето или пармезанот да се рендаат непосредно пред сервирање, да се стават во мали длабоки чинии со прилог лајца, за да можи секој да се послужи сам по сопствена желба. Тестенините традиционално се јадат со вилушка. Доколку се јадат варени шпагети со прелив, исто се јади со една вилушка само во помали количини.

ПРИЛОГ И ЗАЧИНИ

За приготвување на тестенини од дурум пченица се користат специјални прилози и зачини. Некои прилози и зачини ги има преку цела година, а некои прилози треба да се користат суви и конзервирани. Во италијанската кујна по традиционалните рецепти за приготвување на тестенини најчесто се користат следните прилози и зачини и тоа:

Прилог и Зачини Пелафино
Пиперки Домати Маслинки Пелафино
Пиперки, домати, печурки, маслинки

Пиперките и доматите можат да се користат во свежа состојба за припрема на разни сосови, а за брза храна можат да се користат и разни готови конзервирани сосови од пиперки и домати.

Печурките се употребуваат свежи, суви и конзервирани за припремање на сосови за тестенини или за прилог на тестенини салати и додатоци. Зелени и црни маслинки, се користат и за сосови и салати. Во сосовите за тестенини се користат мали, сјајни црни маслинки. Тестенините кои се со сосови со лук, чили и слично, маслинките се користат за ладни предјадења. Маслинките не треба да се варат, туку само се загреваат, бидејќи доколку се варат во сосот можат да додадат горчлив вкус. Секогаш се користат маслинки без коски.

Маслиново масло, масло од сончоглед, масло од пченка

Маслиновото масло најчесто се користи во рецепти од Пелафино тестенини, кога се употребува лук, црни домати, црвени домати.

Маслото од сончоглед најчесто се користи во рецепти за припремање на Пелафино тестенини, каде прилози или сосови се направени од разни видови на сирење или кашкавал. Масло од пченка се употребува кога се приготвуваат рецепти од Пелафино производи каде не се користат зачини. Се користи кога се служи со не-обработени домати, пиперки, обарени со карфиол, брокула.

Масло Пелафино
Сирење и Кашкавал Пелафино
Сирење и кашкавал

Кога во рецептите на Пелафино тестенините се користи сирење и кашкавал најчесто треба да се сервираат пред служење, сервирани како цели парчиња или рендани.

Зачини

Во припремање на рецептите од Пелафино тестенините, се користат зелени сушени или конзервирани зачини. Како додаток на зачините секогаш може да се користи магдоносот.

Зачини Пелафино
Босилек Оригано Црвени Пиперчиња Пелафино
Босилек, оригано, црвени лути пиперчина

Ароматичните зачини, босилек, оригано со домати и маслиново масло се користат во италијанските рецепти за припрема на Пелафино тестенини. Црвените лути пиперчина се користат свежи, сушени или мелени (македонска бибер) во рецептите на Пелафино тестенините, но секогаш со посебнo внимание да не се презачинат.

Вино со тестенини

Не постои едно вино кое не може да се служи со тестенини. Но, постојат правила како да се одбери вино за тестенини.  Доколку се користи вино во припрема на прелив за тестенини, тогаш истото вино се користи и за служење со јадењето. Јако вино се служи со варени тестенини кои се зачинети со бел лук, чили, пармезан или друго тврдо сирење. Бели вина се послужуваат со преливи од риба, ракчиња и школки, а црни вина се послужуваат со преливи од месо, црвено месо и дивеч.

Вино со Тестенини Пелафино