
Пелафино
Фабриката за тестенини Пелафино е со врвен квалитет кој е познат и препознатлив по сопствениот бренд и кој има доверба кај клиентите и потрошувачите. Пелафино е сопственост на компанијата РИК експорт импорт ДОО Битола – www.rik.mk
Сместена е во сопствени деловни простории, кои се целосно оспособени за сместување на суровини, репроматеријали и готови производи. Во состав на фабриката Пелафино има административни простории кои се наменски прилагодени.
Фабриката Пелафино располага со добра инфраструктура која овозможува пристап на возила и е на главен магистрален пат во близина на населено место.
Располага со сопствен возен парк.